| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се намалат каматните стапки на земјоделските кредити преку МБПР

mogila3

Владата размислува за намалување на каматните стапки за земјоделските кредити што се даваат преку Македонската банка за поддршка на развојот- изјави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на Пелагонскиот регион.

Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски апелираше до земјоделците кои имаат подготвено добри проекти да ја искористат можноста и да аплицираат за добивање на кредитите.

– Разговаравме за намалување на каматата од три на два проценти што ќе значи уште поповолни кредитни линии за земјоделците. Тоа ќе им помогне на многу земјоделци да може да дојдат до она што им е потребно. Овие кредити се наменети за три работи – за примарно производство, каде повратот е за 18 месеци, потоа за преработувачки капацитети и за откуп во дистрибутивни центри. Средствата се даваат за обртни средства каде повратот е за 18 месеци или за основни средства каде повратот е за пет или повеќе години. Можноста постои, луѓето треба да ја искористат- истакна премиерот Груевски.

Тој додаде дека од алоцираните 10 милиони евра наменети за земјоделците преку Македонската банка за поддршка на развојот досега се искористени четири милиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top