Денешното судско рочиште за случајот „Ровер“ беше одложено поради лошата здравствена состојба на еден од обвинетите, Ивица Ристиќ, сопственик на кафаната во скопската населба Капиштец пред која се случи убиството на Марјан Тушев и Киро Јанев во 2001 година.
Екипа на Брза помош беше повикана во судницата, лекарите интервенираа со инфузија за Ристиќ на самото место, а судијата одлучи рочиштето да биде одложено и на претходното барање на адвокатите на одбраната поради влошеното здравје на обвинетиот кој се жалеше на вртоглавици. Според неофицијални информации, шестообвинетиот Ивица Ристиќ и во претходниот период не се чувствувал добро поради проблеми со срцето.
Седмообвинетиот во случајот, Љубе Бошковски, почетокот на судското рочиште го проследи мирно, а паузата ја искористи за разговори со најблиските и неговите поддржувачи од партијата „Обединети за Македонија“, кои беа дојдени со маички со ликот на Бошковски и транспарент за да го поддржат својот лидер.
ФОТО: Игор Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По цели 12 часа заврши рочиштето за 27 април
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“
-
Одложено судското рочиште за „Тотал“
-
Денеска ќе се одржи ново рочиште за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет Зоран Заев





