
Дваесет и пет лица од Основниот суд Скопје 1 – оддел за прекршоци, од кои 13 судии, изутрината се приведени поради несовесно работење во службата, со што го оштетиле Буџетот на Република Македонија за околу 68.000.000,00 денари.
Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи – оддел за организиран криминал, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничените – 13 судии, а другите се судски службеници.
– Сомнението е дека во текот на 2010 година до нив биле доставени предмети – барања за поведување на прекршочна постапка, кои биле земени во работа во текот на 2012 година и 2013 година. По предметите биле донесени пресуди со определени праични казни, а не биле доставени на извршување – се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Во Основното јавно обвинителство Скопје продолжува истражната постапка за 25 осомничени со цел утврдување на сите факти и докази во предметот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


