| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал не го дава Озил

Лидерите на лондонскиот клуб Арсенал, на своја адреса добиле понуда за продажба на еден од најдобрите играчи, Месут Озил, но Арсен Венгер не го дава така лесно.

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола во 2010 година сакаше да го донесе Озил од Вердер Бремен во Барселона, но не му успеа, а и ова лето имаше неуспешен обид.

Арсен Венгер ја одбил понудата за 25-годишниот плејмејкер инсистирајќи на тоа дека Озил е дел од планот на „топџиите“

Германецот минатото лето дојде во Арсенал од Реал за 42 милиони фунти, но оваа сезона ја започна лошо, до сега успеа да запише само една асистенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top