| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел со нова стратегија за проширување на ЕУ

pol-brisel

Европската комисија денеска на седница во Брисел ќе усвои нова стратегија за проширување, потврди портпаролот на еврокомесарот за проширување, Петер Стано.

Како што беше истакнато, ова ќе биде последен пат комисијата во овој состав да расправа за проширувањето. На истата седница ќе бидат усвоени и извештаи за напредокот на земјите од Западен Балкан на патот за членство во ЕУ.

– Стратегијата за проширување ќе ги содржи сите важни остварувања во изминатите пет години и ќе усвои важни насоки за наредниот период. Извештајот за напредокот за седум земји-кандидати и потенцијални кандидати ќе покажат што е направено во тие земји во изминатите 12 месеци за да ги продолжат реформите со цел трансформација на земјите во склад со критериумите за членство – наведено е на сајтот на Европската комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top