| четврток, 6 декември 2018 |

Постојат неколку минути живот по смртта

Научниците од Саутхемптнскиот универзитет открија доказ дека по клиничка смрт свеста може да живее уште неколку минути, објави “Дејли телеграф”. Секој четврти пациент, кој се вратил во живот, има спомени од надвор. Откритието доаѓа по четири годишно истражување на над 2.000 случаи на срцев удар во 15 болници. Во 40% од случаите на различни  луѓе пациентите зборуваат  за своевидни знаци на “свест” во моментов меѓу појавата на клиничката смрт и обновата на отчукувањата на нивното срце. Еден човек дури се сеќава како го напуштил своето тело и си го набљудувал оживувањето од едниот крај на собата. Иако бил технички мртов, тој детално ги опишува активностите на лекарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top