Неодамнешната медиумска расправа за исламот произлегува од критиката на исламот од страна на американскиот водител на ток-шоу. Бил Махер и изненадувачки страствената рекција на Бен Афлек, оскаровец, актер и режисер кој за разлика од многумина во медиумите препознава очигледен пример на лицемерство и расизам.
Махер кој генерално се противи на религијата преку своите комични и политички коменатри, во неколку наврати рече дека „сите религии не се исти“ и дека исламот е религија која е полоша од другите бидејчи бара смрт на оние кои ја критикуваат. Тој исто така ја поддржува идејата за „судир на цивилизациите“ која претпоставува дека западниот свет е неспоив со исламот.
За заговорниците на ова гледиште исламот е нејасна и прилагодлива категорија на генерална заостанатост и таа ги опфаќа исламот, Арапите и Блискиот исток, како да се тие три поими една иста работа.
За оние кои ја пропуштиле жестоката расправа во емисијата на Махер, Риал тајм“ тој и неговиот гостин Сем Харис, невролог кој пишува за религијата тврдат дека се залагаат за либерализам и либерални начела критикувајќи го муслиманскиот свет.Харис тврди дека „ни продале идеја за исламофобија во која секоја критика на доктрината на исламот се претвора во искажување предрасуди кон муслиманите како луѓе. Тоа е навистина смешно.
Афлек цврсто возврати: „Застанете малку, дали сте виле личноста што ја разбира докртината на исламот? За стереотипите на Махер и Харис, Афлек продолжи велејќи: „Твојата критика е одвратна и расистичка. Тоа е исто како да рчечте: Ах тие превртливи Евреи!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


