| четврток, 6 декември 2018 |

Бен Афлек е сериозно болен

Глумецот Бен Афлек, кој на почетокот на оваа година проговорил за својот долгогодишен проблем со алкохолот, кој довел и’ до распаѓање на неговиот брак со глумицата Џенифер Грнер, се чини одлучил да ја продолжи борбата со својата зависност.
И’ покрај тоа што бил на лекување, со желба поради своите деца да ги промени своите лоши навики, се чини дека досега тоа не му успевало за што сведочат и најновите фотографии на кои може да се види дека и’ не е во баш најдобра состојба.
Бен Афлек, накусо, бил снимен во четвртокот, пред рехабилитациониот центар во Лос Ангелес. Глумецот одел дезориентирано во друштво на две жени, кои му помагале да дојде до автомобилот.

– Неговиот алкохолизам е болест со која цел живот ќе мора да се бори и на што ќе мора да остане концентриран – рекол изворот а пренесува „Дејли мејл“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top