| четврток, 6 декември 2018 |

Археолошкиот музеј најверојатно ќе се отвора на 18 октомври

Археолошкиот музеј ќе се отвори на 18 октомври, неофицијално дознава „Вечер“. Веќе на 22 октомври е најавена изложбата на мозаиците од Равена. Со отворањето на овој музеј, Македонија добива репрезентативен објек за чување и презентација на движното културно наследство. Објектот располага со простор од 6.000 метри квадратни на три ката, а меѓу артефактите кои ќе бидат претставени се и копијата од саркофагот на Александар Македонски, рановизантиски оригинални мозаици од ликалитетот Суводол, штитот од 3 век пр.н.е. од Бонче реконструирана кочија од 2 век од Делчево, златните маски од Охрид, како и колекција на златни наоди од Неготино.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top