Хирургот Петре Кодовски од Општата болница во Велес, е осуден на една година затвор, бидејќи е утврдено дека тој е виновен за смртта на десетгодишниот Месерт Зекиров, кој почина на 31 мај 2010 година, пишува Утрински весник.
Пресудата во Основниот суд во Велес е донесена врз основа на вештачењето на стручните лица од Институтот за судска медицина и вештачење на судско-медицинскиот одбор, кои констатирале дека докторот не открил оти детето имало преплет на цревата туку го оперирал од слепо црево.
-Жалам за изгубениот млад живот, но не се чувствувам виновен. Имам оперирано повеќе од 5 илјади пациенти за овие 10 години работа и не се случил никаков проблем. Пациентот најсовесно го прегледав и немаше други симптоми за можна друга болест, по што пристапив на операцијата. Тврдам дека не излезе гнојна течност од стомачната шуплина на детето, која ќе сигнализира дека има нешто друго. Детето, додека бев на работа, до утрото немаше никаков проблем, немаше никаква реакција, изјави во своја одбрана докторот Кодовски, пренесува Утрински весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија


