| четврток, 6 декември 2018 |

Либералната партија сама на избори

Либералната партија, предводена од Ивон Величковски, вчера на седница на Извршниот комитет донела одлука да настапи самостојно на претстојните локални избори. Ваквата информација е објавена на официјалниот веб-сајт на ЛП.

Либералите на локалните избори ќе настапат со слоганот „Имам став!“. Верификувајќи ги листите на кандидати, Извршниот комитет донел одлука Либералната партија да истакне кандидати за градоначалници во неколку општини.

Партијата на Стојан Андов ја напушти коалицијата за спас на Македонија предводена од СДСМ. Извесно е дека Величковски во Карпош својата поддршка ќе му ја даде на Стевчо Јакимовски, на чиј митинг вчера можеа да се видат високи функционери од оваа партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top