| четврток, 6 декември 2018 |

Криминалците контролираат една четвртина од светскиот спорт

_75304315_football4

Генералниот директор на Светската агенција протв допингот Дејвид Хауман денеска оцени дека криминалните групи контролираат најмалку една четвртина од професионалниот спорт во светот.

– Организираниот криминал контролира најмалку 25 проценти од вкупниот спорт, на овој или тој начин – истакна Хауман и апелира на општа борба против корупцијата во спортот.

Тој на конференцијата во Лондон посветена на безбедноста во спортот нагласи дека организираниот криминал е најголема закана во светот денес.

Хауман нагласи дека тие што ги дистрибуираат стероидите за допинг како што се хормонот за човечки раст (ХГХ) и еритропротеин (ЕПО), се истите ликови што ги корумпираат спортистите и плаќаат за местење натпревари.

– Тоа се истите тие лоши момци – изјави Хауман. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top