| четврток, 6 декември 2018 |

Размената на територии е најдобра опција за Косово и за Србија, смета руски дипломат

Шефот на руската канцеларија во Приштина, Андреј Шугуров, смета дека најдобра опција за смирување на состојбите е на Приштина да ѝ се даде Прешевската Долина, а Србијa да го добие северот на Косово.

srbija-kosovo-zname

Напоменувајќи дека изнесува само личен став, тој во интервју за дневниот весник „Зери“, оцени дека одлуката што минатиот век била донесена за оваа територија била вештачка.

Рускиот дипломат е убеден дека малцинствата на Косово немаат иднина и дека заради тоа размената на територии меѓу Косово и Србија би била најправедна опција за двете страни и дека состојбата треба да се врати на онаа „од средината на минатиот век кога Прешевската долина била косовска, а северот на Косово српски“.

– Мислам дека ова би била најправедната опција. Но, повторувам, ова е само мое лично мислење кое е формирано по петте години од мојот престој во Косово, рече Шугуров.

Според овој руски дипломат, постоела спогодба на „тројката“ за тоа кога треба да се признае независноста на Косово, вклучувајќи ги и признавањата од страна на Русија и Србија, но, како што вели, таквата спогодба ја уништил американскиот претседател Џорџ Буш.

Наведувајќи дека нема статус на официјално акредитиран дипломат во Косово и дека заради тоа може поотворено да зборува, Шугуров вели дека кога станува збор за политичката ситуација на Косово, се согласува со ијзавата на поранешниот американски посредник Френк Визнер дека таа му нанела штета на имиџот на Косово, како на внатрешен, така и на меѓународен план.

Запрашан за контактите со српските претставници на Косово и кого тие треба да поддржат, Шугуров вели дека не е негова работа да им дели совети за Србите од Косово.

– Сметам дека ако тие некого слушаат тогаш тоа ќе бидат лидерите во Белград. А кого треба да поддржат мислам дека кажа Александар Јаблановиќ, лидерот на „Српска“. Тие ќе го поддржат оној кој има мнозинство во Собранието, изјави рускиот дипломат.

Според него, „Српската листа“ треба да биде дел од косовската Влада, бидејќи тоа на Србите.
им го овозможува планот на Ахтисари и Уставот на Косово

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top