Под насловот „Македонска книжевност“, на Третата програма на Радио Белград во тек е објавувањето делови на наградениот македонски роман „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли. Македонскиот роман кој во 2010 година ја доби наградата за роман на годината на „Утрински весник“, а потоа и кандидатурата за наградата „Балканика“, на уметничката програма на Радио Белград се објавува подолго време во рамките на рубриката „Ракописи“, а бил селектиран меѓу поголем број релевантни предлози од различни издавачки куќи.
На веб-сајтот на културно-уметничката програма на Радио Белград 3 стои забележано дека „романот Дваесет и првиот е сместен во транзициско Скопје во кое младите луѓе се борат со немаштија, безперспективност, политички ирационалности, но и со сопствените емоции. Да се замине или да се остане, е една од дилемите на ликовите во овој роман.“
Инаку, романот на Томислав Османли на оваа престижна уметничка програма ќе се објавува до 1 август, а годинава треба да се појави во издание на белградската куќа „Стубови културе“, во превод на српски јазик на Зоран Ж. Пауновиќ.
Преводот на овој роман на хрватски јазик неодамна беше промовиран во Загреб во издание на книгоиздателството „Сандорф“ и проследен со пофални критички осврти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ