Во Друштвото на писателите на Македонија денеска беше одбележана 70-годишнината од излегувањето на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија. Станува збор за стихозбирката „Песни“ од Ацо Шопов, објавена во 1944 година.
– Појавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов не е само важен литературно-историски датум, туку тоа е чин од исклучително значење за македонската национална и културна историја. Во овој едноставен податок, во силно, делотворно и неделиво единство, се вплотени творештвото, јазикот и слободата. Првата книга на Ацо Шопов како прва книга на македонски јазик во слободна Македонија се појави да ја објави слободата, во времето кога сѐ уште на боиштата го слушавме топовскиот екот. Песната која всушност се раѓаше на боиштата, ја објави слободата. И не е случајно што во таа мала книга, исполнета со здивот на времето во кое е создавана, се содржи големиот Ацо Шопов – рече претседателот на ДПМ, Веле Смилевски.
Медијатор на средбата беше неговата ќерка Јасмина Шопова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија