Три лица се самозапалиле денеска во Софија, од кои две починале, за време на протестот на рударите, железничарите и вработените во електраните, и на тој начин му се придружиле на бранот масовни демонстрации кои подолго време ја потресуваат земјата.
Демонстрантите се незадоволни од најавеното намалување на работните места, високите цени на електрична енергија и нискиот животен стандард пред одржувањето на вонредните парламентарни избори во мај.
Протестот е организиран од двата најголеми синдикати КНСБ и „Поткрепа“.
Голем број Бугари се незадоволни од политичката елита во земјата, која ја сметаат за корумпирана, оценувајќи дека многу малку направила за подобрување на животниот стандард на граѓаните, кој е помал од половина од просекот во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.