| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар во срцето, Лигата на шампионите во мислите

Чле­нот на вар­да­ро­ва­та фуд­бал­ска кла­са „2003“, ко­ја за влак­но не го ре­а­ли­зи­ра­ше плас­ма­нот во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те во ле­ген­дар­ни­те прес­ме­тки со ЦСКА Мос­ква и со Спар­та Пра­га, со­ну­ва за на­стап во лу­ксуз­но­то европ­ско нат­пре­ва­ру­ва­ње со нај­поз­на­та­та ма­ке­дон­ска фуд­бал­ска мар­ка Вар­дар

Вла­тко Гроз­да­нов­ски е ма­ке­дон­ски­от фуд­бал­ски глоб­тро­тер, играч што на­ста­пу­ва­ше на да­леч­ни­от Исток во Ки­на, во, за нас, не­поз­на­ти­от шам­пи­о­нат на Иран, по­тоа и на Ки­пар, во Ср­би­ја…. Долг фуд­бал­ски пат, кој по­ра­неш­ни­от ре­пре­зен­та­ти­вец на Ма­ке­до­ни­ја го про­дол­жи во не­го­ви­от оми­лен клуб Вар­дар.

– Вар­дар е гор­дост на др­жа­ва­та, со пре­крас­но ми­на­то и, се на­де­вам, со уба­ва ид­ни­на. За ме­не тоа е клу­бот што ми е при ср­це, мо­јот жи­вот, мо­ја­та нај­го­ле­ма љу­бов. По трет­пат сум ту­ка и мо­жам да ка­жам де­ка ор­га­ни­за­ци­ски Вар­дар се дви­жи кон по­до­бро утре. Сер­геј Сам­со­нен­ко вло­жу­ва мно­гу во клу­бот и се на­де­вам де­ка ќе воз­вра­ти­ме со исто­ри­ско учес­тво во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Ти­ту­ла­та во до­маш­но­то пр­венс­тво ќе ја осво­и­ме си­гур­но, ту­ка не­мам ди­ле­ми, но си­те по­са­ку­ва­ме да го на­пра­ви­ме тол­ку по­са­ку­ва­ни­от ис­че­кор на европ­ска­та сце­на – ве­ли Гроз­да­нов­ски.

Не­го­ва­та ге­не­ра­ци­ја во 2003 го­ди­на бе­ше мош­не бли­ску до плас­ман во ЛШ, но на пос­лед­ни­от че­кор Вар­дар „пад­на“ пред че­шки­от пр­вак Спар­та од Пра­га во ква­ли­фи­ка­ци­ски цик­лус што сѐ уште се па­ме­ти и се пре­ра­ска­жу­ва.

– То­гаш вла­де­е­ше ви­стин­ска тре­ска во Скоп­је и во Ма­ке­до­ни­ја, а Вар­дар бе­ше сен­за­ци­ја, што, за жал, не пре­рас­на во ви­стин­ско чу­до. Во Мос­ква про­тив ги­ган­тот ЦСКА за­ми­нав­ме без пре­го­ле­ми оче­ку­ва­ња, а се вра­тив­ме со сен­за­ци­о­на­лен ре­зул­тат од 2-1 за нас. Искре­но, Ру­си­те имаа мно­гу шан­си, беа ап­со­лут­ни фа­во­ри­ти со бу­џет од три­е­се­ти­на ми­ли­о­ни евра, што за то­гаш­ни ус­ло­ви бе­ше од­лич­на фи­нан­си­ска под­ло­га за на­стап во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Но, ние имав­ме од­лич­ни игра­чи, ка­ра­кте­ри што не се пре­да­ваа лес­но, што не мо­же да ги по­ко­ле­ба ни­што, мал­ку нѐ пос­лу­жи и сре­ќа­та и го че­кав­ме ре­ван­шот со до­бра пред­ност од еден гол раз­ли­ка – рас­ка­жу­ва Гроз­да­нов­ски.

 

Фуд­бал на ма­ли гол­ови пред Со­бор­ни­от храм

За ре­ван­шот има­ше ви­стин­ско стам­пе­до за би­ле­ти, мно­гу сим­па­ти­зе­ри на Вар­дар од си­те стра­ни на зем­ја­та оста­наа над­вор од ста­ди­о­нот, а праз­ни­кот на фуд­ба­лот во Скоп­је поч­на пред нат­пре­ва­рот.

– Глав­на­та кр­стос­ни­ца кај Со­бор­ни­от храм во цен­та­рот на Скоп­је бе­ше бло­ки­ра­на, а на­ви­ва­чи­те играа фуд­бал на ули­ца. Вла­де­е­ше ви­стин­ско фуд­бал­ско лу­ди­ло во Скоп­је, во клу­бот, кај си­те вар­дар­ци и обич­ни вљу­бе­ни­ци во оваа игра. Ние бев­ме во ка­ран­тин, но ка­ко да не бев­ме би­деј­ќи по­сто­ја­но до­а­ѓаа на­ви­ва­чи­те и нѐ бо­дреа да из­др­жи­ме пред го­ле­ми­от фа­во­рит ЦСКА. И де­нес не знам ка­ко ус­пе­ав­ме да ги ели­ми­ни­ра­ме Ру­си­те, а де­ка и тие го па­ме­тат тој дво­меч ми по­твр­ди­ја и се­гаш­ни­от тре­нер на Вар­дар Ан­дре­ев и Сам­со­нен­ко. Раз­го­ва­рав­ме и тие ве­лат де­ка тоа е еден од нај­го­ле­ми­те не­ус­пе­си на ру­ска еки­па во европ­ски­те ку­по­ви. Би са­кал по­втор­но да ги по­чув­ству­вам мо­мен­ти­те од пред де­се­ти­на го­ди­ни и, ко­неч­но, со Вар­дар да играм во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Овој со­став што игра се­га не е ни­што пос­лаб од то­гаш­ни­от и ве­ру­вам де­ка ид­но­то ле­то ус­пеш­но ќе ата­ку­ва­ме на плас­ман во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те – се по­тсе­ту­ва офан­зи­ве­цот на „цр­ве­но-цр­ни­те“.

За жал, не­ве­ро­јат­на­та аван­ту­ра на ау­тсај­де­рот од Скоп­је за­вр­ши на пос­лед­на­та преч­ка, про­тив Спар­та Пра­га, во дво­меч што бе­ше дра­ма­ти­чен, со сце­на­рио за Хо­ли­вуд и не­пре­по­рач­лив за лу­ѓе со сла­бо ср­це. Во Скоп­је бе­ше 3-2 за Спар­та, во Пра­га Вар­дар на два­па­ти во­де­ше, но на кра­јот оста­на не­ре­ше­но 2-2 и „цр­ве­но-цр­ни­те“ беа по­ку­си за еден гол во вкуп­ни­от ре­зул­тат, што им го од­зе­де за­до­волс­тво­то да игра­ат со кре­мот на европ­ски­от фуд­бал.

– Мис­лам де­ка Спар­та то­гаш бе­ше пос­ла­ба од ЦСКА Мос­ква, но сплет на не­среќ­ни окол­но­сти нѐ ели­ми­ни­раа во рам­но­пра­вен дво­меч. Си­те го па­ме­тат не­фер го­лот на Глуш­че­виќ, не са­кам ни­ту да се по­тсе­ту­вам на су­ди­ја­та Ха­у­ге, кој дра­стич­но нѐ оште­ти, ни­ту на шан­си­те што ги про­пу­штив­ме на два­та ду­е­ла, осо­бе­но во ре­ван­шот во Пра­га. Бев­ме пос­ла­би на ор­га­ни­за­ци­ски план, што бе­ше еден од клуч­ни­те фа­кто­ри за да не игра­ме во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Се­га Вар­дар е на ви­стин­ски­от пат, има­ме од­ли­чен спон­зор и се на­де­вам де­ка ќе ус­пе­е­ме да го ми­не­ме те­шки­от ква­ли­фи­ка­ци­ски обрач за плас­ман во нај­ква­ли­тет­но­то клуп­ско нат­пре­ва­ру­ва­ње во Евро­па – ве­ли „ико­на­та“ на на­ви­ва­чи­те на Вар­дар.

Во нив­на чест го но­си дре­сот со број „87“, го­ди­на ко­га во ми­на­ти­от век бе­ше фор­ми­ра­на на­ви­вач­ка­та гру­па „Ко­ми­ти“.

– За жал, ма­ке­дон­ско­то пр­венс­тво од го­ди­на во го­ди­на е сѐ пос­ла­бо. Има мал­ку на­ви­ва­чи на три­би­ни­те. Играв­ме со Си­лекс во пос­лед­но­то ко­ло пред пет­сто­ти­ни гле­да­чи, што е не­сфат­ли­во за град ка­ко Скоп­је. Се­га во тренд се со­ци­јал­ни­те мре­жи, та­му се ко­мен­ти­ра­ат фуд­бал­ски­те нат­пре­ва­ри, што е по­губ­но за до­маш­ни­от фуд­бал. Има мно­гу не­га­тив­на енер­ги­ја, што му од­ма­га на до­маш­ни­от фуд­бал. Ве­ру­вам де­ка спон­зо­ри ка­ко Сам­со­нен­ко во Вар­дар и Еко­лог во Шкен­ди­ја ќе има по­ве­ќе во ма­ке­дон­ски­от фуд­бал за да се по­до­бри ква­ли­те­тот. За­о­ста­ну­ва­ме и во ра­бо­та­та со мла­ди­те ка­те­го­рии, со ин­фра­стру­кту­ра­та, со по­мош­ни те­ре­ни. Не е до­вол­но да за­ле­пи­те три плоч­ки во гар­де­ро­би­те за да трг­нат ра­бо­ти­те на по­до­бро – об­јас­ну­ва 31-го­диш­ни­от играч на ма­ке­дон­ски­от шам­пи­он.

 

Vlatko-Grozdanovski-int109-2

 

Гр­ци­те од Ки­пар со па­ро­ла за Влат­че на ма­ке­дон­ски Jа­зик

Гроз­да­нов­ски е ха­риз­ма­ти­чен фуд­ба­лер, а де­ка е ми­ле­ник на на­ви­ва­чи­те во си­те клу­бо­ви ка­де што на­ста­пу­вал по­твр­ду­ва и ед­на не­ве­ро­јат­на епи­зо­да од Ки­пар. Гроз­да­нов­ски на­ста­пу­ва­ше за та­мош­ни­от ги­гант Омо­ни­ја од 2004 го­ди­на до 2008 го­ди­на и, без раз­ли­ка што е Ма­ке­до­нец, ги освои ср­ца­та на сим­па­ти­зе­ри­те на клу­бот.

– Во Омо­ни­ја при­стиг­нав на 21 го­ди­на и од са­ми­от старт играв до­бро, што се ве­ли, ми се на­ме­сти­ја коц­ки­те. Во то­гаш­на­та ки­пар­ска ли­га играа, глав­но, по­ста­ри игра­чи, па не­ка­ко се на­мет­нав и ме за­са­каа на­ви­ва­чи­те. И де­нес ми се ја­ву­ва­ат, ми пи­шу­ва­ат по­ра­ки, ве­лат де­ка не ме за­бо­ра­ви­ле. На еден нат­пре­вар ду­ри и ми на­пи­шаа па­ро­ла на ма­ке­дон­ски ја­зик со по­ра­ка де­ка се­ко­гаш ќе ме под­др­жу­ва­ат и де­ка се среќ­ни што играм за Омо­ни­ја. Со тој по­тег по­ка­жав­ме де­ка спор­тот е по­си­лен од по­ли­ти­ка­та и де­ка ги ури­ва си­те преч­ки – ко­мен­ти­ра Гроз­да­нов­ски. По­тоа има­ше уште ед­на ки­пар­ска аван­ту­ра, овој пат мно­гу по­ку­са, во АЕЛ од Ли­ма­сол, а фуд­бал­ски­от пат го од­ве­де на да­леч­ни­от Исток, во Ки­на, зем­ја за ко­ја ве­ли де­ка до­пр­ва ќе би­де еко­ном­ски и фуд­бал­ски џин.

– Мно­гу на­пре­ду­ва­ат на еко­ном­ски план, вло­жу­ва­ат мно­гу во фуд­ба­лот и оче­ку­вам ра­пид­но да на­пре­ду­ва­ат. Во Ки­на има ви­стин­ска екс­пан­зи­ја во оваа игра, што го по­ткре­пу­ва фа­ктот де­ка свет­ски ѕвез­ди од ка­ли­ба­рот на Дрог­ба, Анел­ка, Кеј­та… игра­ат или на­ста­пу­ва­ле за ки­не­ски­те клу­бо­ви. Имав мож­ност да играм про­тив нив, про­тив фуд­ба­ле­ри од ек­стра-кла­са, што ќе ми оста­не ка­ко убав мо­мент во ка­ри­е­ра­та.

 

Не­за­бо­рав­на аван­ту­ра во Пер­се­по­лис, ази­ски­от Ба­ерн Мин­хен

Гроз­да­нов­ски на два­па­ти за­ми­на и за Иран, зем­ја за ко­ја ве­ли де­ка лу­ду­ва по фуд­ба­лот. Во 2010 го­ди­на при­стиг­на во Да­маш, а по­тоа сле­ду­ва­ше „тоа ви­стин­ско­то“ и пот­пис за Пер­се­по­лис, клуб што го на­ре­ку­ва­ат ази­ски­от Ба­ерн Мин­хен.

– Та­му вла­дее не­ве­ро­јат­но лу­ди­ло по фуд­ба­лот. Мал­ку е да се ка­же де­ка го са­ка­ат фуд­ба­лот, ед­но­став­но бо­ле­ду­ва­ат по не­го. Не оче­ку­вав та­ков ам­би­ент, што да се ка­же ко­га игра­те фи­на­ле на куп пред 100.000 гле­да­чи. Тоа е фан­та­сти­чен ам­би­ент, се тре­сат три­би­ни­те, се ури­ва­ат ре­кор­ди во де­ци­бе­ли. Пер­се­по­лис има 50 ми­ли­о­ни сим­па­ти­зе­ри и е убед­ли­во нај­по­пу­лар­ни­от клуб и во Иран и во це­ла Ази­ја. Тоа е ази­ски­от Ба­ерн Мин­хен, клуб со огром­на тра­ди­ци­ја, иа­ко за нив мал­ку се знае во Ма­ке­до­ни­ја. На се­кое па­ту­ва­ње на го­сти нѐ пре­че­ку­ваа де­се­ти­ци ил­ја­ди сим­па­ти­зе­ри на ае­ро­дро­ми­те. Та­му вла­дее фуд­бал­ска тре­ска ед­на­ква на ам­би­ен­тот на бра­зил­ски­те ста­ди­о­ни. На­ста­пи­те за Пер­се­по­лис се не­за­бо­рав­на аван­ту­ра во мо­ја­та фуд­бал­ска ка­ри­е­ра – ко­мен­ти­ра број „87“ на Вар­дар.

Со 50 на­ста­пи за ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја Гроз­да­нов­ски е во топ-10 (ос­ми) спо­ред бро­јот на учес­тва во на­ци­о­нал­на­та се­лек­ци­ја, а со ма­кси­ма­та ни­ко­гаш не ве­ли ни­ко­гаш, се на­де­ва и го оче­ку­ва пе­де­сет и пр­ви­от на­стап во дре­сот со на­ци­о­нал­ни­те бои.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Фото: Aлександар Ивановски
Текст објавен во 109. број на неделникот „Република“, 3.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top