Андријана Јаневска, покрај новата песна „Казна“ која ја промовира неодамна, ѝ се пофали на јавноста со уште нешто. Имено, таа е во шестиот месец од својата втора бременост.
– За сите кои ме прашуваат: ДА, фотографиите за песната „Казна“ се направени за време на снимањето на спотот, односно пред десетина дена. Тоа што моето меше не се забележува, иако сум во шестиот месец од втората бременост, секако е резултат на мојата професионална агенда (како и физичката активност која ја препорачувам на сите трудници со уредна бременост), но и на мајсторскиот крој на фустанот, како и на соодветните агли од кои е сниман спотот (и фотографиите). Уште еднаш ви благодарам на сите за поддршката која ми ја давате! Продолжувам со моите професионални активности на работа, на естрадата, со часовите, како и со истражувањето за мојот докторат – напиша Андријана на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.