| четврток, 6 декември 2018 |

Прост ги обвини организаторите на трката во Јапонија: Каде беа безбедносното возило и жолтото знаме?

Легнедарниот пилот во Формула 1, Ален Прост, ги обвини организаторите на трката во Јапонија за големиот инцидент во кој тешко се повреди 25-годишниот возач на Марусија, Жил Бјанки.

Прост веднаш реагираше и во ТВ интервју образложи дека не се почитувани правилата за безбедност на патеката „Сузука“.

– Ова е кардинална грешка. Чија? Па, на снимката јасно се гледа дека во моментот кога Бјанки излетува од патеката, судијата мафта со зеленото знаменце наместо со жолтото кое сигнализира опасност. Втора голема грешка е што возило што не учествува во трката не смее да влезе на патека без безбедносниот автомобил. Кревалката за болиди беше сама на „Сузука“ во моментот на инцидентот, што е недозволиво и е грешка на организаторите – изјави Прост.

Бјанки се заби со голема брзина во возилото што личи на трактор, а служи за кревање болиди што заглавиле на патеката. Само еден круг пред стравичниот удар во него на 25-годишниот пилот, тракторот пристигна за да го крене болидот на Андреа Сутил.

Бјанки има тешки повреди на главата и на мозокот и беше опериран во болница во Јапонија. Состојбата му е критична.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top