Група курдски демонстранти синоќа упаднаа во зградата на холандскиот Парламент, но по неколку часа доброволно ја напуштија зградата, јави ИТАР-ТАСС.
Според холандската телевизија НОС, целта на демонстрантите била да го привлечат вниманието „кон потребата за поактивна борба“ против терористичкита група Исламска држава во Сирија и во Ирак.
Неколку илјади демонстранти четири часа останале во Парламентот, но, според полиција, протестната акција била мирна.
По преговорите со полиција и со претседателката на Парламентот Анушка ван Милтенбург, демонстрантите веднаш ја напуштиле зградата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



