Турскиот парламент усвои денес измени на изборниот закон, поддржувајќи ги предлозите за кои опозицијата тврди дека можат да отворат пат за изборни измами и да ја загрозат регуларноста на изборите кои се одржуваат следната година, а потоа изби тепачка меѓу пратениците. Измените на законот му овозможуваат на Високата изборна комисија да спојува избирачки окрузи и да префрла гласачки кутии во други окрузи.
Ливчињата без жиг од месната изборна комисија и понатаму ќе бидат важечки, со што формално се легализира праксата што предизвика жестоки критики и загриженост на набљудувачите на минатогодишниот референдум.
Припадниците на безбедносните сили ќе можат да влезат на гласачко место на повик на гласач, со што владата сака да спречи наводно заплашување од страна на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) на курдскиот југоисток на земјата. Владата ја обвинува прокурдската партија ХДП дека е продолжена рака на ПКК и дека профитира од заплашувањето на гласачите.
Опозициските партии предупредуваат дека овие мерки ќе го направат пребројувањето на гласовите помалку транспарентно и ќе ѝ овозможат на владата префрлање на кутии од опозициските упоришта.
„Битката во парламентот заврши, но ние ќе се бориме за изборна безбедност на сите можни начини. Ќе одиме пред Уставниот суд поради неуставноста на овие одредби“, изјави Озгур Озел, член на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).
Законот формално дозволува предизборни коалиции, што овозможува здружување на владејачката АКП и нивните националистички сојузници. По усвојувањето на законот во парламентот изби кавга меѓу националистите и опозицијата. Неколку пратеници се тепаа, туркаа и бркаа по салата.
Турција следната година ја очекуваат претседателски и парламентарни избори. Минатата година го поддржаа со 51,4 отсто од гласовите воведувањето на претседателскиот систем со големи нови овластувања за претседателот Реџеп Таип Ердоган. Опозицијата оцени дека новиот закон го легализира изборниот криминал.
„Измените на изборниот закон не се поврзани со законот или политичката пракса. Ова е направено за да ѝ се даде легитимитет на корупцијата“, изјави пратеничката Мерал Даниш Бешташ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повторно скандал: Масовна тепачка на прес-конференцијата на Вајлдер и Фјури (видео)
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Драма во студентскиот дом „Стив Наумов“: Претепани се две лица