| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос пред ноќен клуб: Се скарал со обезбедувањето и влетал со автомобил меѓу луѓето (видео)

Најмалку седум лица се повредени, од нив две во критична состојба, кога младо 18 годишно момче вчера со автомобил влетало во група луѓе пред ноќен клуб во Франција.

Како што наведуваат француските медиуми, после караница со обезбедувањето пред клубот во градот Камбре, момчето седнало во автомобил и влетал во гужвата. Тој брзо бил уапсен.

Најмалку седум лица се повредени, вклучувајќи го и еден член на обезбедувањето. Две од седумте лица наводно се во критична состојба и префрлени биле во болница хеликоптер.

Нападот се случил утринава околу 4:30 по локално време.

Напаѓачот наводно бил пијан и бидејќи не можел да влезе во клубот, со кола удрил во луѓето собрани пред клубот.

Истрагата за нападот е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top