| четврток, 6 декември 2018 |

Агенција за вработување искористена за промоција на проституција

prostitute3Интернет страницата на германската Федерална агенција за вработување е искористена за рекламирање на предностите на „најстарата професија во светот“ и за наоѓање кандидатки за работа како проститутки. Агенцијата денес им се извинуваше на Германците, нагласувајќи дека тоа се случило без нејзина согласност и знаење.

Скандалот избувнал откако во делот на сајтот на федералната служба, каде што се објавуваат слободни работни места, една фирма истакнал оглас за потреба од работна сила. Во него е наведено дека „фирмата, која работи со елитни придружнички, бара атрактивни и убави дами на возраст меѓу 18 и 40 години, кои сакаат добро платена работа“.

Во огласот било наведено дека дамите можат да бидат и без професионално искуство и дека тие ќе имаат можност за авантури со реномирани бизнисмени, адвокати, доктори, спортисти, генерални директори, високи функционери и други познати личности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top