Албанија ја поддржува независноста на Косово, но не размислува за опцијата на т.н. Голема Албанија, изјави Ремзи Лани, генерален директор на Албанскиот медиумски институт.
– Ниту една политичка партија во Албанија не се залага за такво нешто. Тоа е нешто кое повеќе го слушаме надвор од земјата – истакна Лани за белградскиот весник „Данас“ пред официјалната посета на албанскиот премиер Еди Рама на Белград, одговарајќи на прашањето каков е ставот на Албанија околу идејата за формирање Голема Албанија.
Лани, кој неодамна престојувал во Белград како учесник на Белградскиот безбедносен форум, оцени дека посетата на Рама на Белград е прва на еден албански премиер во последните седум децении, и тоа е многу важно за односите меѓу двете земји.
Посетата на албанскиот премиер на Белград е најавена за 22 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе се гради автопат од Тирана до Дебар
-
Разгалените деца на албанските милионери го шокираат светот-златните часовници и скапите автомобили се надминати!
-
На Денот на независноста „Ристо Шишков“ отворен со косовска претстава за Голема Албанија
-
Жестока тепачка на албански и бугарски навивачи во Тирана (ВИДЕО)