Фудбалерот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, не е познат по тоа да дава пофални коментари за никого, а уште помалку да ги фали тренерите со кои работел. Тој за Гвардиола има само лоши зборови, но затоа, пак, при срце му е Жозе Мурињо со кого соработуваше во Интер.
– Тој не постапува исто со сите играчи, едноставно знае како да постапи со човек, како да го извлече најдоброто и поради тоа Мурињо е најинтелигентниот тренер со кого сум работел. Во секој момент знае како да ги мотивира играчите – изјави Ибрахимовиќ во интервјуто за „Тајмс“.
Ибрахимовиќ и Мурињо соработуваа во сезоната 2008/09 кога со Интер ја освои титулата шампион на Италија, но Швеѓанецот тоа лето го напушти клубот и премина во редовите на Барселона, пропуштајќи со тимот од Милано да ја освои Лигата на шампиони наредната сезона, трофеј кој недостига во неговата витрина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.