Легализацијата на наркотиците би можела да ефектуира со зголемено консумирање на дрогите и зголемен број смртни случаи, предупреди Јуриј Федотов, челникот на Бирото на Обединетите нации за дроги и криминал (UNODC) со седиште во Виена, изразувајќи противење на препораката на невладините здруженија дека користењето на некои дроги, како канабисот, би требало правно да биде регулирано.
Во извештајот од септември, Глобалниот комитет за политика спрема дрогите препорача да се дозволат експерименти со во моментов илегални дроги на „правно регулирачки пазари“, вклучително и канабисот и некои таканаречени психоактивни супстанции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


