Психолозите откриваат дека постои врска помеѓу боите и сексуалното однесување. Некои од вас можеби ќе одречат дека имаат омилена боја, но ако погледнете околу себе ќе сфатите дека сепак постои една одредена боја која доминира.
Црвена
Црвената симпобилизра страст, што е причина плус дека луѓето кои ја сакаат оваа боја знаат да уживаат во сексот. Личностите на кои црвената боја им е омилена имаат поагресивен пристап кон спротивниот пол. Ако се спојат две личности кои сакаат црвена боја, парот често ќе експериментира и ќе пробува нови нешта во креветот.
Жолта
Ако ви се допаѓа жолтата боја, тоа значи дека го контролирате сопствениот сексуален нагон во креветот и му ја препуштате главната улога на партнерот. Никогаш нема да го одбиете партнерот, но и никогаш сами нема да преземете иницијатива. Вам ви е најважно неговото задоволство.
Зелена
Нежни сте и чувствителни кога се работи за сексот. Жената која ја сака оваа боја ќе направи се’ што може за нивниот однос да биде исто како да се случува по прв пат. Мажите имаат разбирање за ваквото однесување и подготвено ќе и’ ги исполнат желбите на својата партнерка. И мажите и жените кои ја сакаат зелената боја им се верни на своите партнери.
Сина
За обожавателите на сината боја, сексот е вистинска уметност, а нивниот пристап е елегантен. Мажот се однесува како да е пијанист. Внимателно го истражува телото на жената и ги слуша нејзините потреби. Жените пак уживаат во предиграта исто колку што и во самиот чин на сексот. Сините љубовници се великодушни и нежни.
Виолетова
Ако сте љубители на виолетовата боја, сексот може да ви се чини како вистинско губење на време. Жените кои ја сакаат оваа боја повеќе се грижат за нивната фризура, а мажите му пристапуваат на сексот како кон деловна обврска.
Сива
Неодлучните и несигурни љубовници се оние кои ќе ја изберат токму сивата боја. Често им треба долго време за да донесат некоја одлука и многу им е тешко да се врзат. За нив сексот не е некое особено возбудување туку начин за да се задоволат потребите. Тие не се сложуваат најдобро со личностите на кои им е омилена било која друга боја.
Розова
Љубителите на розовата боја се кокети и заводници. Жените кои ја сакаат розовата боја понекогаш ветуваат повеќе отколку што имаат намера да остварат. Во сексуална смисла се незрели и сакаат да си поигруваат со мажите. Мажите пак кои ја сакаат оваа боја се поподложни во често менување на партнерката и без проблем се впуштаат во афера со жени кои туку што ги запознале.
Портокалова
Личностите на кои им е омилена портокаловата боја сакаат да ги остваруваат своите сексуални фантазии. Тие се подложни на “безобразни шепотења” и ја поттикнуваат фантазијата на својот партнер. Предиграта и нежноста им претставуваат важен дел од сексуалниот чин. Во случај да не се задоволни од односите со спротивниот пол, тоа тешко и ќе го признаат. На овие луѓе не им претставува никаков проблем да го одглумат оргазмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



