| четврток, 6 декември 2018 |

Србија избра евровизиски претставник

boj.jpg500

Бојана Стаменов (28), е пејачка која со право, поради нејзиниот раскошен глас и необичен имиџ, ја нарекуваат српска Арета Френклин е една од адутите на Србија за Евровизија.

Финалистката на шоу програмата „Јас имам талент“ ќе изведе една од три песни кои ќе ги напише Владимир Граиќ, дознава српски Курир. Другите двајца кандидати кои ќе се борат за своето место на овој фестивал кој ќе се одржи на пролет следната година во Виена, се уште се тајни. За нив тројца ќе гласаат гледачите и кој ќе добие најмногу гласови ќе ја претставува Србија на Евровизија.

– Да, Бојана е на мојот список. Нема да биде само моја одлуката кој ќе ги изведува песните, туку ќе одлучуваат и продукцијата „Beoton“ и Саша Мирковиќ, вели Граиќ за српски Курир.

Иако не успеале да ја контактираат лично Бојана оти телефонот и бил исклучен, дознале од нејзините пријатели дека таа е во странство, каде настапува по познати клубови.

Бојана првиот настап го имала уште како мала додека со луна-парк патувала низ Србија. По завршувањето на средното училиште требало да патува надвор од својата земја за да го продолжи образованието, но во тоа ја спречила болест. За време на шоуто „Јас имам талент“, Џенифер Хадсон го гледала настапот на Бојана и била одушевена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top