
Да се согласиш да носиш дете во утробата девет месеци за потоа да го дадеш на друга жена – за некои е несфатливо, а за други великодушно, за некои лудост, за други непроценлив подарок. Досега во Македонија законски беше забрането да постои сурогат-мајка. Законските измени ќе дозволат да се роди дете за друг, што ќе овозможи да имаат свое дете и тие што не можат да имаат. Позитивното има и негативни страни – бизнис од туѓа мака, опасност од неможноста жената што го родила детето да се одвои од него. Македонија се обидува да го најде најдобриот начин за да овозможи брачните двојки што не можат да имаат деца по природен пат, сепак да имаат свои биолошки деца.
Сурогат-мајка – непроценлив подарок
Зошто сурогат-мајките се согласуваат на тој чекор? Што добиваат од тоа? Колку е тешко да се даде детето на неговите родители откако сте го носеле девет месеци во утробата? Триесет и двегодишна жена раскажува како таа се решила да стане сурогат-мајка. Потекнува од сиромашно семејство, но, како што вели, тоа не ја спречило некому да му подари непроценлив подарок. Мајката на две деца била сурогат-мајка дури трипати, еднаш носела дури и близнаци, а сега ќе го роди и четвртото бебе како сурогат-мајка.
– Вистинската причина зошто сте го направиле тоа ќе јадознаете кога бебето ќе го предадете на неговите родители. Можноста за раѓање дете за друг со себе носи многужртви. Примав хормони три месеци пред трансферот, имав тешки три месеци од бременоста, мојот сопруг работеше во друга држава, а јас не можев да одам таму затоа што сурогат-мајката мора да остане во државата за време на бременоста. Но, кога ќе го дадете детето, кога ќе ги видите среќните лица на тие на кои им подарувате непроценливо богатство, сѐ заборавате. Отсекогаш сум ја сметала сурогат-мајката за долгорочно вработување како бебиситерка. Давањето на детето за мене не е тажен момент. Не се каам воопшто, напротив, среќна сум што го направив тоа. Ова е шанса нашето семејство да придонесе за општеството на еден навистина голем начин. Без наша помош, светот ќе беше посиромашен за четири деца и за три среќни семејства – раскажува жената.
Педесетгодишна Американка, разведена, мајка на две деца, е сурогат-мајка на нејзините пријатели. Таа вели дека ѝ било тешко кога ѝ го зеле детето. Таа не можела да има сопствени деца, била оплодена ин витро. Кога слушнала дека нејзината пријателка не може да има деца, решила да ѝ помогне. Била оплодена дури четири пати, трипати имала спонтан абортус, што било многу тешко за неа. Но, најстресната ситуација била кога го дала детето. Сепак, не се кае за чекорот што го презела, со тек на време се помирила со тоа и сфатила дека помогнала некому. Вели да не е стара, таа пак би го сторила тоа.
Познатите и сурогат-мајките
Имањето дете од сурогат-мајка е практика во светот, а и многу познати личности станале родители на тој начин. Еден пример е Сара Џесика Паркер, која преку сурогат-мајка ги доби близнаците Табита и Марион Лорета. Таа и нејзиниот сопруг имаат осумгодишен син, но имале и неколку безуспешни обиди да го прошират семејството, па се решиле да дозволат друга жена да носи нивно дете. И Рики Мартин стана татко на близнаци преку сурогат-мајка.
И 33-годишна жена од Џорџија имала проблеми со неплодност, а откако го решила проблемот благодарение на напреднатата медицина, има четири деца – близнаци и момче и девојче. По тоа, се решила да им помогне на тие што не можат да имаат деца.
– Треба да ги видите очите на мајката кога ќе ги стави рацете на мојот стомак, а бебето се движи во утробата. Па, моментот кога таткото првпат ќе го виде своето бебе. Ништо друго не ви треба за да сте пресреќни што сте го направиле тоа – вели таа.
Четвртата приказна доаѓа од 37-годишна жена што е мајка на пет деца. Таа решила да ѝ помогне на сестрата на нејзиниот сопруг која поради цистична фиброза не можела да го носи бебето, но можело да се создаде генетски здраво бебе од нејзината јајце-клетка.
– Најтежок дел беа мачнините. За моите деца ги имав 13 недели, а за ова дете 19. Сепак, би го сторила повторно истото да бев помлада. Но, веројатно не би го сторила за некој што не е член на семејството. За моја среќа, бебето што го родив е мој внук, можам да го видам и секогаш знам како е. Навистина, најдобриот дел беше кога го зедоа бебето првпат во нивните раце. Тој гест ги зближи нашите семејства засекогаш. Да се даде нешто е исто толку важно колку и да се добие нешто – коментира сурогат-мајката.
Еднаш сурогат-мајка, а две деца
Македонија подготвува закон што треба да донесе радост на некои семејство. Сурогат-мајка може да се биде само еднаш. Жената треба да е државјанин на Македонија на возраст од 25 до 50 години, да е мајка на најмалку едно дете, да е психофизички здрава, да не е кривично гонета, да не е зависник од дрога и да нема заразно заболување. Тие услови се зацртани во предлог-измените на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување. Од друга страна,право на дете од сурогат-мајка имаат само брачни двојки со македонско државјанство. Ако жената неможе да забремениод оправдани причини,брачнатадвојка има право на дведеца од сурогат-мајки. Регистар за оваа постапка ќе води Министерството за здравство. Пред почнување на постапката,мајката и брачната двојка ќе се запознаат.
-Пред спроведување на постапката на внесување на ембрионот во матката на жената што ќе биде гестациски носител, задолжително е заедничко психолошко советување на брачната двојка и на потенцијалниот гестациски носител во времетраење од три месеци, при што ќе се одржуваат најмалку две средби месечно, како и задолжително правно советување на двете страни. За таа цел ќе биде изработен и објавен националенводач за психолошко и правно советување на брачната двојка и на потенцијалниот гестациски носител – вели министерот за здравство, Никола Тодоров.
Приказната што го расплака светот
Триесетгодишната Лаура Јохо работела како инструктор по фитнес. Еден ден се онесвестила во салата и докторите ѝ откриле дека боледува од рак на мозокот.
Таа и нејзиниот сопруг Нејт одлучиле да не се откажуваат од борбата да станат родители. Решението било во вештачко оплодување, а најдобрата пријателка на Лаура, Кара Стетон, се понудила да биде сурогат-мајка.
Семејството и пријателите на Лаура се пресреќни поради раѓањето на девојчето бидејќи знаат дека на тој начин дел од Лаура продолжува да живее со нив.
По раѓањето на Керолајн, новинарот Даниел Финеј ѝ напишал писмо за еден ден да сфати колку била силна борбата на нејзината мајка и љубовта на Кара Стетон.
– Ти сега си стара само еден месец и премногу си мала за да го прочиташ ова писмо. Но,еден ден, некој ќе ти го покаже ова, и можеби тоа ќе ти помогне да ја сфатиш љубовта и надежта кои те донесоа на овој свет – напишал тој.
Во писмото е и приказната за љубовта на родителите на Керолајн, нивната свадба, но и моментот кога Лаура дознала дека има рак.
Тој нагласува дека сурогат-мајкатреба да се биде само од хумани причини, да им се помогне на двојкитешто неможат да имаат деца. Брачната двојкатреба да ѝги надомести само трошоците во текот на бременоста на сурогат-мајката,но тие да не бидат поголеми од една просечна плата, а подарокот по породувањето да не е поскап од 100 евра. Сурогат-мајката има право на породилно отсуство од 45 дена,а жената за која е родено бебето деветмесеци. Во случај на комерцијализација, се предвидува казна од 6 месеци до 5 години затвор за секој што ќе земе или ќе даде пари за можноста за раѓање дете за друг. Кривично ќе одговараат и медиумите ако јавно објаватподатоци за лица што се одлучиле да бидат сурогат-мајка.
– Бевме загрижени дека,доколку се дозволи сурогат-мајка, следниот чекор ќебиде дозволување ектогенеза (раѓање дете во инкубатор), што можеби ќе биде медицински можно во наредните 10 илиможеби и повеќе години. Се запрашавме дали е тоа патот по кој треба да оди човештвото? Затоа воведовме кривично дело, според кое со затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор ќе се казни тој што „одгледува“ ембрион или фетус надвор од телото на жена заради раѓање дете (ектогенеза) -вели Тодоров.
Црквата против, социолозите „за“
Македонската православна црква-ОА и Католичката црква во земјава се против овојпредлог-закон, кој е во собраниска процедура. Истите ставови ги дели и Исламската верска заедница, како и другите религиозни групи во земјава. Нивниот предлог е брачните двојкишто не можат да добијат дете по природен пат, тоа да го направат посвојувајќи дете од сиропиталиште.
Отецот Бобан Митевски од кабинетот на архиепископот г.г. Стефан сметадека е неодобрувачко учеството на трето лице во процесот на добивање дете. Тој зборува за чувствата што се раѓаат кај сурогат-мајката, како и за тоа како таа ќе реагира при одземањето на детето.
– Има решение за тие што немаат деца, а тоа е посвојувањето – вели отецот Митевски.
И Антун Циримотиќ од Католичката црква велидека идејата за раѓање преку сурогат-мајка е поразителна, односно деградирачка за жените зашто тие стануваат само инкубатор за детето.
Социолозите, пак, со поинаков став. За професорот Зоран Матевски, социолог на религија, можноста за раѓање дете за друг е морален предизвик со кој се соочува модерниот свет.
– Тоа е благородна идеја. Секако дека на Владата не ѝ е целта со тоа да создава проблеми, туку да ги реши. Сурогат-мајката треба да им роди дете на своите блиски роднини, пријатели од солидарност и за тоа не треба да бара пари – додава Матевски.
Психолозите, пак, сметаат дека е потребна силнапсихолошка поддршка на брачната двојка, но и на сурогат-мајката неколку месеци пред забременувањето, во текот на бременоста и неколку месеци по породувањето. Апелираат дека жената што ќе се согласи да носи туѓо дете,мора да биде психолошки здрава. Сметаат дека голема психолошка поддршка ќе ѝ биде неопходна кога ќе се разделува од детето.
Психолозите сметаат дека е добро тоа што концептот е алтруистички,односно нема да нуди финансиски бенефит за сурогат-мајката. Но,истакнуваатдека без прецизно законско решение, можноста за раѓање дете за другможе да предизвика сериозни последици.
Разговараше: Билјана Зафирова
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



