| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ – договор за парламентарни избори до 1 септември, ВМРО-ДПМНЕ – Бранко повторно измислува

Единствено цврстите ветувања и уверувања на Никола Груевски до меѓународната заедница, дека до јуни ќе стори се за да го реши спорот со името, се основата заради која предвремените парламентарни избори ќе се договорат до 1-ви септември -истакна денеска на прес-конференција Игор Ивановски, шеф на изборен штаб.

Врати Илија Димовски – договор на предвремени парламентарни избори со СДСМ не постои, нема ниту датум, ниту датум за датум, како што милуваат да кажат.

Според членот на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ  тоа не е само став на партијата на власт, туку и на преставниците на меѓународната заедница кои директно учествуваа во тие разговори помеѓу двете политички партии. Тие, додава Димовски, потврдија дека не постои ниту датум, ниту датум за датум за предвремени парламентарни избори.

-Би сакал да потенцирам неколку моменти, не е првпат во РМ, СДСМ и нивниот лидер Црвенковски да обвинува, измислува и манипулира со теми поврзани со проблемот што го имаме со Грција. Очигледно дека г-динот Црвенковски сфати дека првичниот изговор за својата капитулација кој што се обиде да го пласира дека договорот за предвремени избори не му помина, никој не му поверува – истакна денеска Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top