
Да најдеш некој што ќе те сака, ќе те почитува, ќе го сакаш…. И не е така лесно. Тоа не ѝ било лесно ниту на младата Грејс Гедлер на која ѝ се здосадило да го бара принцот на белиот коњ, па решила да си се омажи самата за себе.
Себеси си се запросила во ноември во Лондон, а во март се прошетала сама до олтарот. Била опкружена со семејството и со пријателите, а во моментот на судбоносното ДА, се бакнала самата себеси во огледало. На ова се одлучила откако, како што вели, изградила цврста врска со самата себе, а била инспирирана од песна.

– Некои коментираа позитивно, некои негативно и ми велеа дека сум нарцис. Секако дека личноста која се мажи самата за себе треба многу да се сака себеси, но јас на сето ова гледам поинаку и цврсто стојам зад својата одлука. Медитирав, се спознавав себе, се развивав и разбирав – вели Американката.
Таа вели дека имала голема трема пред венчавката и дека сега се чувствува многу посилна од порано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


