| четврток, 6 декември 2018 |

Братот на убиецот на Ивана: Треба да го обесат брат ми

slobodan-aleksic-foto-dragana-udovicic-1412542628-578619ytjnryuh56u56u56

По Тамара, Балканот го потресе и смртта на Ивана. Монструми силуваат и убиваат млади девојки. Страниците на „Фејсбук“ се преплавени со погрдни зборови и коментари за тие што посегнуваат по младите животи. Згрозен е и братот на убиецот на младата Ивана, младата девојка, чиешто тело беше пронајдено минатата недела.

– Срамота, грозно… нека изгние во затвор и никогаш повеќе да не види бел ден по тоа што го направи – коментира батот на убиецот на Ивана, 46-годишниот Слободан Алексиќ и додава:

– Тој е монструм, веќе не ми е брат! Навистина се срамам што ми е барт, не сакам повеќе да го видам ниту слушнам. Јавно се откажувам од него.

Монструмот Дарко Костиќ, кој ја силуваше и уби 14-годишната Ивана и ја зави Србија во црно, имал шест браќа. Слободан вели дека не сака ништо да знае за Дарко и дека веќе не му е брат.

– Требаше да го обесат, или нека гние 40 години во затвор. Нека гори во пеколот – вели тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top