
Парите често се наведуваат како причина број еден за развод, но дали е навистина така? Како луѓето препознаваат дека е вистинско време за раскинување, како се одлучуваат на тоа?
Голем проблем на многу денешни двојки им е комуникацијата. Се помалку разговараат поради недостигот на време, стрес, обврски, деца, работа и слично. Но има и други фактори што доведуваат до тоа двојката да се одлучи за прекинување и одлучуваат да си дадат на себе нова шанса со некој друг.
Престанавте да се грижите
И двајцата престанавте да се трудите и едноставно веќе не ви е грижа? Голем знак дека нешто не е во ред. Ако барем едното лице се грижи за другиот, постои можност бракот или врската да се спаси. Ако и двајцата немате волја – мала е веројатноста дека работата ќе заврши позитивно.
Останавте заедно поради децата
Дали децата се причина за да се остане во лоша врска или брак? Сигурно не. Децата повеќе трпат во лош брак, отколку со разведени родители. Не им дозволувајте да гледаат како вие трпите, караници и слично, децата го чувствуваат тоа, а последиците остануваат трајни. Прекрасно детство можат да имаат и кога родителите се разведени, а сигурно така ќе добијат и повеќе љубов.
Нема повеќе секс
Се помалку интимни односи, спиење во раздвоени соби. Многу големи причини поради кои луѓето се одалечуваат и поради кои исчезнуваат желбата и љубовта еден кон друг. Треба да се наведе и рутината, навиката, здодевноста в кревет поради што „трпи“ и сексуалниот живот, па тешко е да се врати назад и да се разбуди желбата еден за друг. Но, секако, ништо не е невозможно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


