| четврток, 6 декември 2018 |

Бонучи: Докажавме дека сме најдобар тим во Италија

Фудбалерот на Јувентус, Леонардо Бонучи изјави дека победата над Рома е уште еден доказ дека неговата екипа е најдобра во Италија.

Јувентус во дербито од шестото коло во италијанската Серија А ја победи Рома со 3-2, а победничкиот погодок го постигна Бонучи во 86. минута.

– Овој гол вреди три тешки бода. Игравме против силната Рома, но уште еднаш покажавме дека сме најдобри. Докажавме дека Јувентус е најдобриот тим во Италија – изјави Бонучи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top