
Вложувањето во нови иновативни решенија е значајно за компаниите да бидат конкурентни како на домашниот, така и на странските пазари. Од Стопанската комора на Македонија истакнуваат дека инвестирањето во нови иновативни линии е значајно за компаниите и за зголемување на извозот на нивните производи. Иновациите во делот на продажба и пласман на вода во шишиња се однесува на нова и иновативна амбалажа, која гарантира и нејзин поголем квалитет.
Во последните години е забележано постојано зголемување на производството на вода пред се поради зголемената побарувачка на домашниот пазар. Статистиката покажува дека во 2013 година производството на вода бележи пораст од шест проценти во однос на 2012 година. Вкупниот извоз на вода минатата година, исто така, бележи пораст од пет проценти, а увозот на вода има тренд на опаѓање за 27 проценти.
Во Македонија егзистираат 26 компании, кои произведуваат вода со околу 1.200 постојано вработени. Од нив, 13 се домашни и се застапни со 24 брендови вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


