Американскиот комичар Стив Мартин е добитник на наградата за животно дело на Американскиот филмски институт (АФИ). Престижната награда се доделува на уметниците за животен придонес за американскиот филм и телевизиската програма.
Свеченоста на доделувањето на 43-тата награди ќна АФИ е се одржат во јуни 2015 година.
Актерот и сценарист Стив Мартин се прослави како комичар пред да почне да снима филмови, а веќе е добитник на една награда „Еми“, четири „Греми“ и почесниот „Оскар“.
Тој глумеше во повеќе комедии, како американската верзија на филмот „Пинк Пантер“, во кој го толкуваше инспекторот Клузо, потоа во филмовите „Таткото на невестата“, „Наредник Билко“, „Мртовците не носат карирани капути“ и „Човек со два мозоци“.
Меѓу славните добитници на наградите АФИ се и Мерил Стрип, Том Хенкс, Стивен Спилберг, Клинт Иствуд, Џек Николсон, Ал Пачино, Морган Фримен, Мартин Скорсезе, Елизабет Тејлор, Алфред Хичкок и Бет Дејвис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.