| четврток, 6 декември 2018 |

Француски детектив што преминал во ИДИЛ е главна цел на САД

isis-iraqПоранешен член на француската тајна служба ДГСЕ ѝ се приклучил на Ал Каеда и во моментов е приоритетна цел на американските ракетни напади во Сирија, објави парискиот весник „Ле Монд“. Не се споменува името на поранешниот агент иако тој им е познат на најмалку четири разузнувачки служби, за разлика од Мошин ал Фадли, кој се сметаше за шеф на исламистичката група Хорасан, поврзана со фронтот Ал Нустра во Сирија.

Смртта на Фадли, чија глава беше проценета на седум милиони долари, беше потврдена од член на исламистичката група преку „Твитер“, пренесе на 28 септември организацијата СИТЕ, која ги следи исламистичките објави на интернет. Фадли загинал при првиот бран на американски напади во Сирија.

Французинот, чија улога во исламистичката организација е многу поголема од таа на Фадли, ги преживеал американските напади. Тој бил експерт за експлозиви и веќе се борел во Авганистан и за Сирија. Неговото поминување низ француските тајни служби специјализирани за акции во странство е предмет на истрага, пишува париски „Ле Монд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top