| четврток, 6 декември 2018 |

Прогласени добитниците на Нобеловата награда за медицина

nobel_prize

Американско- британскиот научник Џон О’Киф и Норвежаните Меј Брит Мосер и Едвард Мосер се годинашниве добитници на Нобеловата награда за медицина или психологија за откритие на ќелиите што го прават системот на позиционирање во мозокот.

Во соопштените на Собранието за доделување Нобелова награда се наведува дека станува збор за откритие што го решило проблемот што ги окупираше филзофите и научниците со векови – „како мозокот создава мапа на просторот што нè опкружува и како ние се движиме низ комплексното опкружување“.

Наградата за медицина ја отвoра сезоната на поделба на Нобеловa наградa.

Наградите за достигнување во науката, книжевноста и за мир, првпат се доделни во 1901 година во согласност со желбите на творецот на динамитот и бизнисменот, Алфред Нобел.

Нобеловата награда изнесува осум милиони шведски круни или 1, 1 милион долари.

Свеченото доделување на наградите е 10 декмври, ден на смртта на Нобел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top