| четврток, 6 декември 2018 |

Турнеја за паметење на Никола Тодороски: Три држави, три јазици, шест настапи

Македонскиот актер и стендап-комичар Никола Тодороски успешно ја заврши меѓународната мини-турнеја, која неодамна ја најави со настап во култниот охридски клуб „Џезин“.

Имав настап во Софија, во „Славјанска беседа“, каде настапував на бугарски јазик. Настапот помина одлично и беше во организација на мојот пријател и колега Иван Кирков, кого публиката неодамна имаше можност да го види во Охрид и во Битола. Од Софија имав три фантастични настапи во Лондон. Еден од најважните настапи во рамки на оваа мини-турнеја беше во светски познатиот стендап-клуб „Комеди стор – Лондон“, каде што настапувале светски познати имиња како Робин Вилијамс, Џери Сајнфилд, Крис Рок, Еди Изард и други – изјави Никола, кому ова му е втор настап во овој светски познат клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top