| четврток, 6 декември 2018 |

Редок подвиг на Дујшебаев, го постигна најубавиот гол на колото и се избори за место во идеалниот тим (видео)

Вардар го декласира тимот на Чеховски Медведи во втората рунда од Лигата на шампионите, а вистински подвиг приреди десниот бек на „црвено-црните“, Алекс Дујшебаев. Со извонредниот погодок кога буквално ја положи топката преку голманот на Чеховски Медведи го заслужи првото место во изборот на ЕХФ на топ 5 погодоци во второто коло, а се најде и во идеалниот тим.

Вардар има двајца ракометари во топ 5 најдобри голови, а покрај „убавецот“ на Дујшебаев, на петтата позиција е Тимур Дибиров по прекрасниот цепелин во копродукција со Немања Прибак.

Најубавите пет погодоци во второто коло и мајсториите на Дујшебаев и на Дибиров можете да ги погледнете овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top