| четврток, 6 декември 2018 |

Фелипе Маса: Пет круга молев трката да се прекине

Бразилскиот ас во Формула 1, Фелипе Маса, изјави дека условите на патеката „Сузука“ во Јапонија биле невозможни за регуларна трка, неколку кругови пред инцидентот со Бјанки, пилот кој удри во тракторот што креваше друго возило и тешко се повреди. Бјанки е опериран, по тешките повреди на мозокот и е во стабилна состојба.

– Врескав цели пет круга трката да се прекине. Условите беа екстремно тешки, а поради дождот, видливоста беше намалена. Се надевам дека со Бјанки ќе биде сѐ во ред. Сите сме со мислите со него – изјави Маса.

Победник на трката е Луис Хамилтон, а поради тешкиот инцидент на Бјанки, трката беше прекината на осум круга до крајот. На подиумот немаше славење, ниту шампањ поради критичната состојба на младиот пилот во Ф1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top