– Ја оставивме куќата, роднините и пријателите. Едвај собравме пари за да одиме во Шведска – напишала на својот блог, Аида Хаџиалиќ (27). Таа имала само пет години кога војната ги натерала со нејзините родители да избегаат од родната Фоча. Набрзо по нивното пристигнување во Шведска, нејзината мајка и татко ѝ добиле работа, а таа тргнала во училиште.
– Шведскиот модел на социјална помош, кој на моето семејство и мене ни подари нова шанса, влијеше на тоа подоцна да станам социјален демократ. Верувам во идејата за помагање на другите и сакам да ѝ се оддолжам на заедницата за сè што ми дала – рекла Аида Хаџиалич за шведски „Афтонбладет“ .
Во политиката се вклучила со 16 години, по убиството на шведската политичарка Ана Линд, која ја уби Михајло Мијаиловиќ (35) Швеѓанин со српско потекло. Аида се приклучила на Шведската социјалдемократка унија, а по здобиената диплома на правник, станала заменик на градоначалникот на Халмстад. Имала само 23 години.
Сега ѝ е доверено Министерството за образование во новата влада, која минатата недела ја претстави шведскиот премиер Стефан Лефвен.
– Мислам дека добро ќе ја извршувам својата работа. Околу мене е сјаен тим на луѓе. Драго ми е што премиерот ги препознал моите вештини и искуство. Се надевам дека нема да го разочарам – рекла најмладата министерка во шведската историја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потресна животна приказна на славниот фудбалер: Никој не ја знае правата вистина
-
Потресна животна приказна на Ловрен: Ѝ благодарам на Германија што ме прими како бегалец! (видео)
-
22-годишно момче-бегалец се удавил во Венеција, минувачите се смееле и снимале со телефони
-
Возенмирувачко: Го тепал тригодишниот син за инает на сопругата