| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус поуспешен од Рома во дербито во Италија (видео)

Фантастичен натпревар одиграа Јувентус и Рома во Торино. Во 90 минути беа постигнати пет гола, судијата досуди три пенали и додели два црвени картона. Во првиот дел го исклучи и тренерот на Рома Руди Гарсија.

Juventus-Roma

Јувентус остана едниствената непоразена екипа во Сериа А и се издвои на првото место на табелата со максимални 18 бода по шест кола, три повеќе од денешниот противник.
Натпреварот изобилуваше со груби стартови и нервоза кај актерите на двете екипи. Поради тоа беа досудени и три пенали кои беа успешно реализирани.
Јувентус поведе со голот од пенал на Карлос Тевес во 27 минута. Израмни Тоти во 32 минута истотака од пенал. Ова беше првиот примен гол на Јувентус оваа сезона.
До крајот на првото полувреме Итурбе постигна гол за водство на „римската волчица“ по одличното додавање на Жервињо.
Во судиското продолжение од првиот дел Уште еден досуден пенал за Јувентус кој се чини дека беше „поклон“ бидејќи стартот на на одбранбениот играч на Рома беше на самата линија од казнетиот простор. Успешен реализатор повторно беше Тевез.

Juventus-Roma

Во вториот дел јунак за „старата дама“ беше одбранбениот играч Бонучи кој зафати една топка со волеј удар од работ на шеснаесетикот и го совлада гостинскиот голман Скорупски во 87 минута.
До крајот судијата додели два црвени картони поради меѓусебна физичка пресметка на Мората и Манолас.


All Goals – Juventus 3-2 AS Roma – 05-10-2014… by akainuxace


Manolas vs Morata – Juventus 3-2 AS Roma – 05… by akainuxace

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top