| четврток, 6 декември 2018 |

Франција под висок ризик да биде погодена од ебола

Научниците проценуваат дека постои 75-отстотен ризик Франција за дваесетина дена да биде погодена од вирусот на ебола, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Истражувањето се објавува само еден ден откако во француските медиуми беше објавена веста дека е излекувана медицинската сестра заболена од вирусот ебола, која беше заразена за време на нејзината мисија во Либерија.

Според истражувањето, ризикот за Велика Британија изнесува 50 отсто, иако животните и санитарните услови и, пред се, здраствените услови во двете земји не треба да доведат до епидемија, како во земјите од западна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top