| четврток, 6 декември 2018 |

Челси продолжува со одличните игри, овојпат жртва беше Арсенал (видео)

Во дербито на премиер лигата во Лондон Челси успеа да го победи градскиот ривал Арсенал со 2-0. Во тензична атмосфера од самиот почеток на натпреварот кои ја направија двата тренера Жозе Мурињо и Арсен Венгер физички дуел покрај аут линија, играчите на Челси одиграа цврст натпревар без многу комбинации.

Chelsea vs Arsenal

Денеска најдбобриот на теренот белгискиот интернационалец Еден Азар по еден соло-пробив во шеснаесетикот успеа да изнуди пенал кој беше правично досуден. Азар сам го изведе и беше стрелец на првиот гол во 27 минута.
Ова беше 16 гол од пенал на Азар во неговата кариера без ниту едно промашување до сега. Победата ја потврди Диего Коста со осмиот гол за Челси оваа сезона во финишот од натпреварот. Тој успешно го лобуваше Шчесни во 78 минута по одличното додавање на Фабрегас.

Chelsea vs Arsenal

Натпреварот доцнеше со почетокот поради инцидентите што ги направија навивачите на Арсенал пред „Стенфорд Бриџ“ пред самиот почеток на натпреварот палејќи навивачки факели.

Во вториот натпревар од Премиер лигата кој се играше во истиот термин од 15.05 часот Тотенхем беше попуспешен од Саутемптон со 1-0 со голот на Ериксен во 40 минута од натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top