| четврток, 6 декември 2018 |

Три гостински победи и едно реми во ПМФЛ

Во рамките од 10 коло од Првата Македонска фудбалска лига во четирите натпревари кои се одиграа денеска на сите славеа гостинските екипи.
Шкендија лесно мина во Штип против Брегалница со 3-1. Можеби едниствениот конкурент на Вардар за титулата Шкендија по лошиот старт на почетокот на сезоната. Со новиот тренер Андријан Кознику Шкендија продолжува со ефикасната игра.
Денеска успеаја да дадат три а примија само еден гол, со што ги освоија трите бода.
Стрелци за гостите од Тетово беа Кировски во 30 и 67 и Вручина во 60 минута од натпреварот. Здравков беше стрелец на почесниот гол за Брегалница во 79 минута.

Во дербито во меѓу Металург и Работнички кое се играше на стадионот во Ѓорче Петров беа постигнати три гола и тоа два во мрежата на домаќините. Велковски и Алтипармаковски беа творци на победата за „романтичарите со головите во 12 и 67 минута. Единствениот гол за „металурзите“ беше дело Лескароски во финишот од мечот.

Најбрзиот гол до сега во ПМФЛ го постигна Рамадани на натпреварот во Тетово меѓу Тетекс и Ренова. Ренова го отвори резултатот по само десет секунди игра. Гостите ја декласираа екипата на Тетекс со 4-0, а покрај овој гол Рамадани беше стрелец на уште еден во 62 минута. Останатите два гола беа дело на Мојсов и Гафури во 49 односно во 90 минута од натпреварот.
Турново и Силекс одиграа само 1-1. Дурански им донесе предност на гостите од Кратово во првата минута од второто полувреме, а измрани Долапчиев во 83 минута.

Резултати: МЕТАЛУРГ – РАБОТНИЧКИ 1-2, БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 1-3, ТЕТЕКС – РЕНОВА 0-4 Х. ТУРНОВО – СИЛЕКС 1-1, ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 1-0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top