| четврток, 6 декември 2018 |

Фалкао му носи победа на Манчестер Јунајтед (видео)

Manchester United vs Everton

Манчестер Јунајтед благодарејќи на летното засилување Фалкао, дојде до значајни три бода во седмото коло од Премиер лигата против Евертон со 2-1.
Тежок натпревар за „црвените ѓаволи“ бидејќи тренерот Луис Ван Гал имаше проблеми со составување на првите 11 играчи кои ќе го започнат натпреварот.
Стрелци на головите за Манчестер се фантастичните засилувања Анхел ди Мариа и Фалкао. Аргентинецот го отвори резултатот во 27 минута по асистенција на Мата.
Во продолжението од првото полувреме денеска одличниот Давид де Геа успеа да одбрани пенал за својата екипа и на паузата од натпреварот го задржи својот тим во водство. Не успешен реализатор за Евертон беше англискиот репрезентативец Лејтон Бејнс кој по серија од 14 успешно изведени пенали, денеска промаши.
Во вториот дел сепак Евертон успеа да го израмни резултатот преку Најсмит во 55 минута токму по асистенција на Бејнс.
Три бода и две победи по ред на „бебињата“ им донесе Фалкао по одличното додавање од Ди Мариа во 62 минута.
Денеска Манчестер можеше многу месно да ја прокоцка победата да не беше на голот Де Геа кој успеа да фати неколку тешки топки и еден пенал во текот на целиот натпревар.
Со оваа победа Манчестер Јунајтед се искачи на четвртото место на табелата со 11 бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top