| четврток, 6 декември 2018 |

Борци на ИД лажно се претставуваат како бегалци за да влезат во Европа

Борци на џихадистичката група Исламска држава (ИД), претставувајќи се како бегалци, се обидуваат да влезат од Сирија во Турција, а оттаму да заминат во Западна Европа поради извршување терористички напади, пишува денеска германскиот весник „Билд ам зонтаг“.

isis

Американското разузнавање успеало да открие шифриран разговор на борците од ИД, кои го разгледувале овој план, објавува весникот, повикувајќи се на податоци од американските специјални служби.

Притоа терористите сакале да ги избегнат патувањата со авион кон земји на ЕУ, поради строгата контрола во воздушниот сообраќај.

Германското министерство за внатрешни работи коментира за весникот дека се однесува многу сериозно кон оваа закана, која според него во секој момент може да премине од апстрактна во реална.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top