Глумицата Џенифер Гарнер е прогласена од страна на емисијата „Фешн полис“ за најдобро облечена позната мајка во САД.
За неа сите имале само пофални зборови.
– Има големо семејство, успешна кариера и мажена е за Бетмен. Меѓутоа, она што најмногу ни се допаѓа кај Џенифер е што таа, кога е стилот во прашање, е многу реална, изјавиле во емисијата.
На црвениот ќилим е некако прекрасно едноставна, а со секојдневните комбинации остава без здив во обичните фармерки и еднобојни маици.
Џенифер Гарнер е мајка на три деца и многумина се прашуваат како оваа жена успева да изгледа толку добро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



