Во финалето на тенискиот турнир во Пекинг Русинката Марија Шарапова во три сета резултат 2-1 (6-4, 2-6, 6-3) во сетови ја победи Петра Квитова.
Шарапова првиот сет го доби со освојување на гем на сервис на противничката при резултат 5-4. Чехињата се врати во вториот сет и со два брејка успеа да го освои и да влезе во третиот сет со израмнет резултат.
Сепак Шарапова притисна во решавачкиот сет и имаше неколку шанси уште порано да го реши мечот, но не успеа да реализира меч топка при резултат 5-2 на сервис на Квитова.
Тоа и успеа на својот сервис гем, и заслужено освои уште еден турнир во својата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


